САД одобрија дополнителна доза на вакцина за луѓе со слаб имунолошки систем

вакцините продолжуваат да нудат робусна заштита за општата популација

Американските регулатори одобрија дополнителна доза на вакцина против ковид-19 за луѓе со ослабен имунолошки систем за подобро да се заштитат од коронавирусот. Соопштението на Управата за храна и лекови се однесува на милиони Американци кои се особено ранливи поради трансплантација на органи, одредени видови на рак или други нарушувања. Неколку други земји, вклучувајќи ги Франција и Израел, дадоа слични препораки за нивното население.

СЗО повика на мораториум на трета доза на вакцинација против ковид-19

Одобрувањето за групите со висок ризик – се проценува дека се околу 3 проценти од возрасните во САД - не значи дека и другата популација ќе може да прима дополнителни дози. Американските здравствени службеници продолжуваат да следат дали имунитетот кај вакцинираните луѓе слабее доволно за да се бара трета доза за секого. Засега вакцините продолжуваат да нудат робусна заштита за општата популација, велат тие. Веста дојде кога делта варијантата продолжува да се шири во Соединетите држави и на други места во светот. Некои американски држави пријавуваат најголем број на нови инфекции и хоспитализации во последните неколку месеци.