Пожарот над Ласкарци се гасне со армиски хеликоптери

Ласкарци

Двата армиски хеликоптери продолжуваат со гаснење на пожарот нас село Ласкарци во општина Сарај, напиша директорот на Центарот за управување кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил. Тој пишува дека хеликоптерите продолжуваат со гаснење на пожарот по однапред направен план на приоритети од страна на Главниот Штаб.

Вчера и денес претпладне хеликоптерите и противпожарната бригада дејствуваа врз овој пожар кој се движи по исклучително стрмен терен и се уште е активен, но не претставува опасност за околните села, пишува Ангелов.

Од ЦУК претходно информираа дека на неколку локации во земјата има активни пожари. Таков е пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ во општина Сарај, кој е активен на неколку правци, а истиот е префрлен и на дел од ловиштето Јасен.
Пожарот кај селата Дивље и Крушје меѓу Велес и општина Петровец е со намален интензитет, а од одговорниот во Шумското Караџица добиено е известување дека ќе продолжат со гаснење. Огнот во Прилепскиот регион кај село Топлица е активен кон село Крстец и е со слаб интензитет. Пожарот во атарот на село Слатина. М. Брод е локализиран, но има чадење во внатрешноста. Пожарот кој започна кај местото Бeјаз Тепе (општина Пехчево), а потоа се префрли кај село Будинарци (општина Берово) е локализиран.