Уапсен доктор во руска болница поради дефект на системот за снабдување со кислород

Илустративна фотографија - болница во Русија.

Властите во рускиот регион Северна Осетија, го уапсија главниот лекар во болницата каде се случил дефектот на системот за снабдување со кислород, поради што девет пациенти со Ковид-19 починале .

Владимир Плијев е обвинет за неспроведување на „безбедносните прописи“, се вели во соопштението на Истражниот комитет во кое се додава дека судот пред судењето ќе одлучи за можни мерки за ограничување.

На 9 август, девет пациенти починале во болницата на Плијев во главниот град на Северна Осетија, Владикавказ, откако цевка за кислород пукнала под земја, со што се намалило снабдувањето со кислород во одделот за интензивна нега.

„Работата за поправка на главната линија за снабдување со кислород е завршена. Работата на целиот систем сега се тестира“, изјави денеска Сослан Табијев - вршителот на должноста министер за здравство во регионот.

Русија забележа бројни несреќи во нејзините ковид болници, кои доведоа до смрт на пациенти за време на пандемијата.

Во јуни, три лица загинаа во пожар во болница во рускиот град Рјазан, југоисточно од Москва. Се смета дека причина за пожарот бил неисправен респиратор.

Во мај минатата година неколку луѓе исто така во пожари во болници во Москва и Санкт Петербург, каде исто така се верува дека се предизвикани од неисправните респиратори.