Германија ќе одвои 58 милијарди евра за регионите погодени од поплавите

Германската канцеларка Ангела Меркел во поплавеното село Шулд во близина на Бад Нојнер-Арвејлер, покраината Рајна-Пфалц, Германија, на 18 јули 2021 година.

Германската влада одобри помош од 58 милијарди евра за обнова на регионот погоден од катастрофалните поплави минатиот месец. На вчерашната средба, канцеларката Ангела Меркел и лидерите на 16 германски провинции одобрија пакет државна помош, кој допрва треба да биде одобрен од парламентот. Износот на одобрени средства е значително поголем од оние што беа доделени порано за поплави.

Дали потопи како во западна Европа ќе има сѐ почесто?

Во Германија загинаа повеќе од 180 луѓе, а стотици беа повредени во поплавите од 14 до 15 јули, кои однесоа животи и во соседна Белгија. Обилните врнежи од дожд ги претворија малите потоци во огромни порои што ги однесоа куќите и мостовите. Научниците на Обединетите нации објавија извештај оваа недела предвидувајќи дека ваквите екстремни временски настани ќе станат почести, бидејќи планетата се затоплува сѐ повеќе.