Вршителот на должноста шеф на парламентарната група на Движењето Самоопределување Мимоза Кусари-Љиља, изјави дека може да разговара за други теми со албанскиот премиер Еди Рама, но не и за иницијативата „Отворен Балкан“. По седницата на Претседателството на Собранието на Косово, таа рече дека, кога станува збор за односите со Албанија, разговорите со Рама ќе продолжат, но не и на темата „Отворен Балкан“, за која процени дека еднострано ја започнала со Србија и Северна Македонија.
Зошто владата на Косово смета дека „Отворен Балкан“ е без визија за регионот?
„Бесмислено е да се турка оваа идеја напред кога има толку многу пречки“, рече таа, додавајќи дека не сите партии, на власт и во опозиција, ја поддржуваат идејата за „Отворен Балкан“. „Ние, исто така, сметавме дека Мини Шенген е штетен. Не може да се нарече Отворен Балкан ако три од шесте земји од Западен Балкан се противат, рече таа, најавувајќи дека на 12 август ќе биде последната седница на пролетната сесија на Собранието на Косово. На седницата ќе се гласа за меѓународни договори кои не добија поддршка поради недостаток на кворум, и треба да се избере генерален ревизор на Косово.