Во Русија починаа девет пациенти со ковид-19 поради пукање на цевка за кислород

илустрација

Девет пациенти со ковид-19 починаа кога пукнала цевка за снабдување со кислород во болницата во Владикавказ, главниот град на руската република Северна Осетија, соопшти Министерството за здравство. „Девет пациенти со коронавирус починаа поради недостаток на кислород во болницата во Владикавказ. Системот за снабдување со кислород се расипа“, соопшти Министерството, наведувајќи дека 71 пациенти биле на интензивна нега во моментот на несреќата, од кои 13 биле на респиратор.

Во Русија се интензивира репресијата врз опозицијата, што следува?

Како што е наведено, проблемот брзо бил забележан и елиминиран за 30 до 40 минути, а на другите пациенти им било помогнато со шишиња со кислород и помошни извори на кислород.