Владата на денешната 98-та седница донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија.
„Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите за прелети и за терминални услуги на воени и полициски воздухоплови на наведените земји е за пружање помош во гасењето на пожарите на отворен простор“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Одлуката, според соопштението, е на барање на Дирекцијата за заштита и спасување е со цел олеснување на процедурите за пристигање на странска помош со воздухоплови и скратување на времето за распоредување и дејствување во кризните подрачја.