Лидерот на најголемата парламентарна партија во бугарскиот Парламент, Слави Трифонов, на Фејсбук напиша дека доколку протестните партии не гласаат за владата на „Има таков народ“, резултатот ќе биде суспензија и одложување на сите реформи.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Трифонов смета дека тоа објективно би било предавство од протестните партии и ќе доведе до нови предвремени парламентарни избори и радост за поранешните бугарски властодршци од ГЕРБ.
Според Трифонов, ова би ги задоволило и интересите на партиите што се за статус кво ситуацијата во Бугарија, како и неможноста на протестните партии да му објаснат на бугарскиот гласач зошто му го прават сето ова. Националното собрание на Бугарија во среда мора да гласа за владата предложена од „Има таков народ“.