Израел бара од Либан да презеде одговорност за нападите од негова територија

Израелскиот премиер Нафтали Бенет

Израелскиот премиер Нафтали Бенет вели дека Техеран и проиранската група Хезболах се обидуваат да го инволвираат Либан во фронт против Израел, но дека сепак либанската влада мора да преземе одговорност за ракетирањето од негова територија.

Бенет рече дека државата Либан и либанската армија мора да преземат одговорност за тоа што им се случува во нивниот двор.

„Дури и во време на економска и политичка криза во Либан, Иран и Хезболах ги заплеткуваат Либанците во фронт против Израел“, рече Бенет пред состанокот на израелската влада.

Ваквите коментари доаѓаат по избувнувањето на насилство меѓу Израел и Хезболах минатата недела.