ЕУ се закани со нови санкции кон Лукашенко

Шефот на европската надворешна политика Џозеп Борел

Европската унија се закани со нови мерки против белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко додека демонстрантите во земјата одбележуваат една година од неговиот реизбор за претседател кој опозицијата тврди дека е наместен.

"ЕУ е спремна да разгледа понатамошни мерки во светло на бесрамното непочитување на меѓународните обврски од страна на режимот“, рече шефот на европската надворешна политика Џозеп Борел.

Реизборот на Лукашенко го отфрлија белоруската опозиција и западните земји кои воведоа серија санкции за да го притиснат режимот да го смени односот кој демонстрантите, да разговара со опозицијата и да осигура нови независни избори.

Белоруските власти насилно протераа или затворија опозициски лидери, приведоа илјадници демонстранти, нападнаа десетици невладини организации и одбија да ги акредитираат новинарите од почетокот на акцијата за сузбивање на масовните улични протести.