Активни десетина пожари во Македонија

Пожари во Пехчевско

Според податоците на Центарот за управување со кризи, до синоќа на територијата на државата беа активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината Китка, кај крушевското село Светомитрани, на две локации во прилепско – кај селата Дрен и Смолане и кај Топлица и кај кумановско Романовце. Дел од пожарите се локализирани или се под контрола. Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле и нови жаришта. Кај селото Разловци на местото викано „Локалица“, пожарот е локализиран, но екипите се уште се на лице место.

Ветрот го шири пожарот во беровско

Пожарот, пак, во атарот на село Разловци целосно е ставен под контрола. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник над месноста Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци. Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна. Од силниот ветер пожарот кој беснее во атарот на Будинарци се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Пожарот се шири без контрола, но поради лошиот терен се интервенира само со помалите цистерни. Пожарот кај Раовиќ–Буковиќ се движи кон сртот и нема опасност за селата. Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа. Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето „Јасен“, кој пренел дека пожарот е до сртот. Тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Пожарот е на непристапен терен и гори мешана шума, смрека и висока трева, поради што е побарана помош од воздух.


Ситуација со пожарите најкритична во беровско, се гаси од воздух

Кај пожарот во Катлановско, односно близу Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС „Караџица“ целосно се повлече. Пожар е активен и под Преслап на Китка кон сеслата Црвена Вода и над селото Цветово, од местото викано Празни Торба кон селата Елово и Црн Врв. Во Прилепско има 2 активни пожари на отворен простор. Првиот е во атарот на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума. Пожарот е локализиран ,но екипите се сеуште на терен. Втриот пожар е кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско, кој е реактивиран во 10:10 часот. Таму гори дабова и букова шума и сува трева и огнотс се движи кон атарот на село Крстец. На терен продолжуваат напроти за справување со огнените стихии во кои се вклучени припадници на противпожарните единици од земјвва и тимови од Австрија, Бугарија, Словенија и Романија, припадници на Армијата и МВР, вработени во шумските стопанства, но и локални жители.