Во Вухан тестирани 11 милиони жители за ковид-19

11 милиони тестирани за ковид-19 во кинескиот град Вухан

Властите во Вухан, кинескиот град каде што се верува дека започна пандемијата на коронавирусот, велат дека го завршиле тестирањето на повеќе од 11 милиони жители за ковид-19 по неодамнешното оживување на инфекциите.
Висок функционер во Вухан, Ли Тао, на прес -конференција изјави дека тестовите - започнати пет дена порано - обезбедуваат „во основа целосна покриеност“ на сите жители во градот, освен за деца под 6 -годишна возраст. Градот забележа 37 локално пренесени случаи на ковид-19 и 41 асимптоматски преносници, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Градските власти рекоа дека мобилизирале повеќе од 28.000 здравствени работници на околу 2.800 локации за тестирање.

Бројот на новозаболени во САД повторно надмина 100 илјади дневно

Во меѓувреме, во Соединетите држави, владиниот врвен експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изрази надеж дека Администрацијата за храна и лекови (ФДА) ќе им даде целосно одобрување на водечките вакцини против коронавирус до крајот на месецот. Досега, ФДА даде одобрение само за итна употреба за вакцините Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Нови ковид-мерки: Потврда за вакцина, во кафеана само на тераса

Британската агенција за конкуренција пак, објави дека ќе ги испита цените на тестовите за ковид-19, кои ги воведе Владата за патниците, откако министерот за здравство, Саџид Џавид, се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да заминат на одмор. Тестовите за PCR кои се неопходни за повеќето патници чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 фунти за четиричлено семејство, но многу компании наплатуваат значително повеќе. Цените наведени од компании на листата на официјалната веб -страница на британската влада се движат од 17 до 250 фунти.