Меѓувладината комисија за климатски промени денеска треба да го објави новиот извештај за долгорочните ефекти на зголемениот СО2 во воздухот, Во извештајот, според експертите, ќе се наведе дека температурите на воздухот растат побрзо од очекуваното и оти светот мора да дејствува сега ако се сака да се постигне некакво забавување на климатските промени. Во извештајот исто така се детализира како штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и прават голема штета на Планетата.
Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?
„Извештајот ќе го опфати не само фактот дека постојат рекорди во однос на влијанијата од климатските промени, туку ќе покаже дека светот денес се наоѓа на непозната територија во однос на покачувањето на нивото на морето и топењето на ледената покривка“, вели Кели Левин, од фондацијата Безос. Генерално, извештајот „ќе ја нагласи итноста на владите да ги зголемат климатските активности“, рече таа. Комисијата која ја сочинуваат 195 влади е еден од најверодостојните извори на климатските науки.