Завршија 32-те Олимписки игри во Токио

Со свечена церемонија денеска во Токио беа завршени 32-те Олимписки игри

Со свечена церемонија денеска во Токио беа завршени 32-те Олимписки игри на кои учествуваа 11 илјади спортисти. Игрите се одржаа во ек на пандемијата на коронавирус, поради што беше забрането присуство на публика на натпреварите.

Организаторите со музичка точка потсетија на претходните Олимписки игри во Токио во 1964, по што беше изгаснат олимпискиот пламен.
На церемонијата беше најавени Параолимписките игри кои почнуваат за две недели во Токио.

Олимпијадата почна на 23 јули, една година подоцна од планираното поради пандемијата.

Натпреварувањето го одбележи американската атлетичарка Алисон Феликс која го освои 11 олимписки медал во кариерата, како и нејзиниот сонародник, пливачот Кејлеб Дрекслер кој во Токио освои пет златни медали.

Најдобар пласман на табелата остварија спортистите од САД со 39 златни медали, една повеќе од Кина. САД освоија вкупно 113 медали, а Кина 88.
Наредните Олимписки игри почнуваат во Париз за 1083 дена.