Бројот на новозаболени во САД повторно надмина 100 илјади дневно

Луѓе во Флорида

Во просек по 100 илјади новозаразени со ковид -19 повторно се регистрираат во Соединетите Американски Држави. Во САД од зимоска немало олку висок бројки на новозаразени.

„Нашите анализи покажуваат дека ако не [ги вакцинираме луѓето], би можело да имаме до неколку стотици илјади случаи дневно, слично на нашиот пораст во јануари“, изјави директорот на Центрите за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски за Си-Ен-Ен.

Околу 50 проценти од жителите на САД се целосно вакцинирани, а повеќе од 70 проценти од возрасните добиле барем една доза.

Во САД по околу 100 илјади новодијагностицирани на дневно ниво имале лани во ноември, а пикот на зараза беше регистриран на почетокот на јануари кога имаше по околу 250 илјади нови случаи. До јуни бројот се намалуваше и во јуни имаше во просек по околу 11 илјади случаи дневно, но најновата бројка сега е 107.143 случаи.

Оние кои прележале ковид на 7 август во неколку градови во САД организираа собири за да ги поттикнат луѓето да се вакцинираат и да носат маска.