Во Јапонија денеска се гасне олимпискиот оган со што ќе бидат затворени Летните олимписки игри. Игрите беа одложени една година поради пандемијата на коронавирусот. И покрај проблемите поврзани со ковид, организаторите спречија настанот да доведе до големо ширење на заразата и покрај тоа што за Олимпијадата се собраа околу 50 илјади луѓе.
Со Делта сојот на вирусот што ја погоди областа, днево се регистрираат и по повеќе од пет илјади случаи во Токио.
Кина е на врвот по освоени златни медали - 38, САД има 36 и Јапонија - 27. Но денеска имаат шанси да освојат уште медали пред да биде церемонијата на затворање на Игрите.
Јапонија ќе ја предаде олимписката палка на следниот град домаќин, Париз.