Пожар вечерва избувнал на покривот од катната гаража „26 Јули“, поранешна „Македонска фаланга“, во центарот на Скопје, каде се наоѓа ресторанот Рагуза. Екипи на скопската противпожарна бригада се на терен, а нивниот командант за неколку медиуми изјавил дека пожарот е од ресторанот лоциран на покривот.
Според очевидци, на чии изјави се повикуваат медиумите, се слушнале и неколку експлозии кои наликувале на експлозии од плински боци.
Во катната гаража под ресторанот има поголем број паркирани возила. Нема официјални информации за повредени. Теренот околу катната гаража е затворен и обезбеден од полицијата.