Граѓаните на Косово од 20 август ќе мора да имаат примено барем една доза вакцина против коронавирус за да може да одат во трговски центри, ноќни клубови и на семејни забави, соопшти денеска Угостителско-туристичката комора на Косово.
Во соопштението се наведува дека на состанокот со министерот за здравство Арбен Витиа била донесена и одлука за задолжителна вакцинација на вработените во овој сектор, кои мора да ја исполнат до 12 август.
На состанокот станало збор и за тоа работното време на ноќните клубови кои сега работат до 23 часот, да се продолжи до 3 наутро.
Министерот Витиа на вчерашната седница на косовското собрание најави воведување на нови мерки за превенција на заразата, кои со посебна одлука би требало владата да ги донесе на 11 август.