Нови 378 случаи на коронавирус, најмногу од средината на април

Илустрација: Заболени од ковид-19 се пренесуваат во болница

Во изминатото деноноќие се регистрирани 378 нови случаи на коронавирус во Македонија. Пријавено е едно починато лице, а 25 оздравеле. Направени биле 7.647 тестирања, информира Министерството за здравство.

Ова е најголем дневен број на заразени од средината на април.

Најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 118, во Тетово има 114, Гостивар 51, Кичево 20, Куманово 18, Струмица 16, Битола и Охрид по 9, Кавадарци 6, Велес 4, Кочани 3, Струга и Радовиш по 2 и Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод по 1 нов случај.

Поради големиот раст на бројот на нови случаи во Тетово, Комисијата за заразни болести предлага нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот Ковид-19. Се предлага предлага забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, како и свадби и прослави во Тетовскиот регион.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618