Премиерот го прекина одморот и објави слики од Будинарци

Премиерот и владини претставници во посета на Будинарци.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави фотографии од посета на беровското село Будинарци во чија близина има пожар. На фотографиите тој е во придружба на министрите за здравство Венко Филипче и за одбрана – Радмила Шекеринска, како и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Како што вчера соопшти Владата, премиерот Заев требаше да биде на годишен одмор до 12 август. Во соопштението се наведува дека и дел министри се на одмор.


„Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар“, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Заев во објавата им се заблагодарува за помошна што ја даваат во гаснењето пожари на Србија, Словенија, Австрија, Бугарија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.