Државната изборна комисија (ДИК), откако го доби решението за распишување локални избори ги утврди поважните рокови за изборните дејствија за изборите закажани за 17 октомври, годинава.
Листите на кандидати треба да се поднесат заклучно со 11 септември до 24 часот. Изборната кампања започнува на 27 септември во 00 часот, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октовмри до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето. На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.
Жрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември. тогаш треба да се потпише и кодекс за фер и демокартски избори. Собирањето потписи на граѓани за поднесување на листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август, а ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК низ државата и согласно измените на Изборниот законик од лани, пред надлежни нотари кои ќе бидат определени од страна на самите подносители на листи, за што дополнително ќе бидат издадени упатства.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае заклучно со 9 септември. Последното ажурирање на Избирачкиот список е од мај, годинава, а за изборите ќе се користат најновите податоци од Избирачкиот список, за кои денеска согласно закон, ќе се обратат до МВР за да им ги достави.
Рокот за пријавувањето на болни и немоќни лица кои гласаат ден пред изборите, е седум дена пред изборите, додека рокот за пријавување на набљудувачите – домашни и меѓународни НВО, претставници на меѓунарони мисии и амбасади, трае до 6 октомври.
На седницата беше усвоено и барањето кое ќе биде доставено до МВР за доставување податоци за ажурирање на Избирачкиот список, односно податоци за граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на одржување на изборите за прв круг гласање кои имаат важечка лична карта или патна исправа, податоци за граѓани со наполнети 18 години чиј рок на важност на лична карта или патна исправа завршува од денот на распишување на изборите (од 6 август) до денот на гласање 16 октомври…МВР со измените на занонот доставува и фотографии за овие граѓани, а во наредната фаза со воведување на електронска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, во наредната фаза од изборниот процес МВР ќе ги достави и овие податоци.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението со кое ги распиша локалните избори на 17 октомври.