САД: Косово со „отворен ум“ да им пристапи на иницијативите за регионална интеграција

Александар Вучиќ, Зоран Заев и Еди Рама на Економскиот форум за регионална соработка, Скопје 29 јули 2021 година

Амбасадата на Соединетите држави во Приштина го повика Косово „со отворен ум“ да им пристапи на иницијативите за регионална интеграција и подвлече да ги поддржува напорите на Западен Балкан за зајакнување на регионалната интеграција. „Ја повикуваме владата да се приклучат на регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да усвојат решенија што даваат резултати за граѓаните на Косово, а истовремено да ги подобрат врските со своите соседи“, се вели во одговорот на амбасадата за Радио Слободна Европа.

Зошто владата на Косово смета дека „Отворен Балкан“ е без визија за регионот?


Коментирајќи ја позицијата на Владата на Косово да не се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“, во која учествуваат Албанија, Србија и Северна Македонија, со образложение дека нема визија за регионот, американската амбасада во Приштина смета дека посилна економска и политичка интеграција е „од суштинско значење за одржлив мир и просперитет“, што би ги зајакнало „постојните напори на Косово за завршување на реформите потребни за идно пристапување во ЕУ“. „Го охрабруваме Косово да бара можности за намалување на трговските бариери, зголемување на нејзината економска конкурентност и изградба на регионално интегрирана и еластична економија што ќе донесе резултати за сите граѓани на Косово“, се вели во реакцијата на амбасадата.

Подготвени ли се државите за отворен Балкан од 2023 година?


Пристапувањето на Косово во „мини-Шенген“, првичната иницијатива што го смени името во „Отворен Балкан“,е предвидено и со Вашингтонскиот договор потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа.