Огнови и сладоледи

АВГАНИСТАН - Авганистанските воздухопловни сили денеска ги продолжија воздушните напади против позициите на Талибанците во јужен Авганистан, додека милитантите остварија дополнителен напредок на северот на земјата.

МАКЕДОНИЈА - Агенцијата за храна и ветеринарство врши инспекција кај двата увозника за македонскиот пазар на сладоледите сникерс и твикс на производителот Дукатос по што ќе се одлучи дали ќе бидат повлечени од продажба.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи информира дека денеска полицајци од Ресен го привеле К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

САД - Американскиот претседател Џо Бајден денеска понуди привремено безбедно сместување за жителите на Хонгконг кои се во Соединетите Американски Држави, а кои стравуваат за својата безбедност поради политичките превирања дома.

ПОЛСКА / БЕЛОРУСИЈА - Белоруската спринтерка, Кристина Тимановскаја чиј апел за меѓународна помош со цел да избегне принудно враќање дома од Олимписките игри во Токио изјави дека е среќна што е на безбедно во Полска три дена од обидот на националниот тим да ја врати дома откако ги критикуваше своите тренери.

ИЗРАЕЛ - Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц денеска ка неговата земја е подготвена да преземе воени дејствија против Иран. Израел, САД и Велика Британија го обвинија Иран за вмешаност во нападот на 29 јули во Оманскиот залив на танкерот кој е управуван од компанија во израелска сопственост. Но, ниту една земја не обезбеди докази за своите тврдења.

ГРЦИЈА - Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина додека земјата три дена се бори со огнената стихија. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во западниот дел на Пелопонез.