Баша: Заев, Рама и Вучиќ само се фотографираат

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша во врска со средбата во Скопје на македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „нивните брзи состаноци не произведуваат ништо ново освен фотографии“ и додава дека првиот чекор што треба да се преземе е меѓусебното признавање на Косово и Србија, а потоа да се продолжи со слободно движење во регионот.

„Отворен Балкан“ за европска иднина на регионот


„За да функционира слободното движење во регионот, мора да се работи итно за да се елиминира последната закана за мирот и стабилноста во регионот, а тоа е меѓусебното признавање на Косово и Србија. Слободното движење е цел и барање на сите процеси во кои се вклучени земјите од Западен Балкан, уште од процесот за европска интеграција и Берлинскиот процес. Значи, да се има желба да се излезе во овие жешки денови за да се сликаат не е големо изненадување за мене, нека не поштедат од клише филм, што се претвора во алиби за стагнацијата во земјата“, оценува Баша.

Владата на Косово не ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“

Тој посочи дека Демократската партија го поддржува дијалогот. „Ние како партија го поддржуваме дијалогот, но не оставивме никаква дилема за крајот на овој дијалог. Среќни сме што САД и ЕУ се јасни кога станува збор за оваа цел“, рече Баша. Албанските медиуми отстапија широк простор за Економскиот форум што се одржа во Скопје.