Шумски пожари на Сардинија, Франција и Грција испратија помош

Поради шумските пожари во центаралниот дел на италијанскиот остров Сардинија евакуирани се повеќе од 900 луѓе. Огнот, како што јавува агенцијата Асошиејтед прес се заканува и на населените места. Засега нема информации за загинати или повредени.

Франција и Грција испратија авиони да помогнат во гасењето на шумските пожари кои зафатија околу 20 000 хектари во провинцијата Ористано.

Пожарникарите цела ноќ се обидуваа да го стават под контрола пожарот блиску до градот Монтиферо од кое викендов беа евакуирано 400 жители. Шумските пожари кои почнаа викендов се шират забрзано поради јужните ветрови.