Роскомнадзор ги блокираше интернет страниците на Навални

Интернер страницата navalny.com

Рускиот регулатор на медиуми Роскомнадзор ги блокираше интернет страниците на затворениот руски опозициски активист Алексеј Навални во рамки на проширената акција на властите против медиумите и граѓанското општество, а во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат на 19 септември.

Антикорупциската фондација на Навални денеска на социјалната мрежа Твитер напиша дека властите исто така ја блокирале и интернет страницата Паметно гласање што ја направи тимот на Навални пред парламентарните избори во таа земја.

Роскомнадзор соопшти дека интернет страницата е блокирана на 15 јули на барање на јавниот обвинител поради тоа што сајтот navalny.com содржел повици за масовни нарушувања, спроведувања на екстремистички активности и учество во масовни јавни настани спротивни на постоечките закони.