Американската компанија чиј софтвер беше хакиран во неодамнешниот глобален напад со откуп, доби универзален клуч потребен за дешифрирање на податоците што им припаѓаат на повеќе од 1.000 бизниси и јавни организации погодени од нападот. Портпаролката на компанијата, Касеја, не кажа како е набавен клучот или дали е платен откуп, објави АП. Портпаролката Дана Лидхолм рече само дека клучот доаѓа од „доверлива трета страна“. Групата REvil поврзана со Русија беше одговорна за нападот со откуп, кој беше извршен на 2 јули.
Веб-страниците на руската хакерска група, REvil се офлајн
Групата побара побара 70 милиони долари за да го дешифрира софтверот на погодените компании. REVil исчезна од Интернет на 13 јули. Меѓу објаснувањата зошто сега се појави универзалниот клуч е дека Касеја платила откуп, некои од погодените компании платиле откуп или Кремљ им го одзел клучот на криминалците и го предал преку посредници, изјавија аналитичари за АП.
Меѓу најпогодените компании беше шведскиот ланец намирници кој беше принуден да затвори повеќето од 800 продавници.