Консултации за формирање нова влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот. Први кои се поканети во претседателството се победниците на изборите од 11 јули.

Отфрлен предлогот за разрешување на бугарскиот главен обвинител Гешев

Од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ кои освоија најмногу пратеници, соопштија дека тие ќе ги поканат сите парламентарни партии освен партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ на консултации за формирање влада. Бугарското собрание има 240 пратеници, а четирите партии заедно чии пратеници гласаа за изборот на Митева, доколку формираат владина коалиција, би имале мнозинство од 141 пратеник.