Таџикистан соопшти дека ги ставил во состојба на готовност сите свои вооружени сили и преместил илјадници војници на границата со Авганистан, поради зголемената загриженост во централна Азија по акциите на талибанците во северниот дел од земјата.
Таџикистан за денешната проверка мобилизирал 100 илјади активни војници, 130 илјади резервисти и вработени во други државни служби. Вежбата која е најголема во 30 годишната независност на Таџикистан е по наредба на претседателот Емомали Рамон. Дополнително 20 илјади воени резервисти се пратени во таџикистанско-авганистанската граница за да им бидат поддршка на редовните војници.
Талибанците последниве недели заземаа голем дел од територијата на Авганистан откако меѓународните сили предводени од САД почнаа со повлекување.
Таџикистанскиот власти соопштија дека повеќе од 900 километри на авганистанската граница со Таџикистан се веќе под контрола на талибанците. Зборувајќи пред припадниците на националната гарда Рамон рече дека ситуацијата во Авганистан, особено во северниот дел кој граничи со Таџикистан, останува крајно тешка и неизвесна.
Стотици Авганистанци, меѓу кои и полицајци и војници, избегаа од Авганистан и преминаа во соседните Таџикистан и Узбекистан откога талибанците ја почнаа својата офанзива против западно поддржаната влада во Кабул.