Иран почна со извоз на нафта надвор од Ормускиот теснец

Брод во близина на Ормускиот теснец

Иран соопшти дека го отвора првиот терминал за извоз на нафта во Оманскиот залив со што му се овозможува на Техеран да ја избегне употребата на стратегиската рута кај Ормускиот теснец која долго време беше во фокусот на регионалните тензии.

"Денеска првата пратка од сто тони нафта се испорачува надвор Ормускиот теснец “, рече иранскиот претседател Хасан Рохани нарекувајќи го важен чекор за Иран кој ќе овозможи кој ќе овозможи извоз на нивната нафта.

Новиот терминал кој се наоѓа блиску до пристанишниот град Јаск ќе овозможи танкерите кои пловат кон Арабското море и понатаму да го избегнуваат Ормускиот теснец и Персискиот залив низ кој поминува една петина од светскиот извоз на нафта.

Рохани рече дека Иран има цел да извезува еден милион барели нафта дневно што според официјалните лица ќе чини околу два милиона долари дневно. Иран често се заканува дека ќе го блокира Ормускиот теснец ако нивниот извоз на нафта е прекинат поради американските санкции кои силно се одразија врз извозот на енергетски ресурси. Вашингтон ги возобнови санкции пред повеќе од три години кога поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите Американски Држави од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили постигнат во 2015 година.