ОБСЕ е загрижен за употребата на шпионски софтвер против новинари

Пегаз: Хакирање на мобилните телефони на новинари ширум светот

Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро изрази длабока загриженост за откривањето на употребата на надзорот софтвер против новинари. Рибеиро ги повика сите земји-членки на ОБСЕ да се воздржат од употреба на такви алатки и техники против медиумските работници и да ги штитат новинарите од трети страни кои можат да користат таков софтвер против нив. ОБСЕ потсети дека според глобалниот медиумски конзорциум, кој ги вклучува „Вашингтон пост“, „Гардијан“ и „Монд“, софтверот за надзор е широко користен за инфилтрација во комуникациските уреди на новинарите и другите медиумски работници.

Шефови на држави - цел на израелскиот шпионски софтвер Пегаз

„Употребата на такви алатки против новинарите е некомпатибилна со принципите за кои се договоривме во регионот на ОБСЕ. Има длабоко застрашувачки ефект врз работата на новинарите и ја задушува слободата на медиумите“, рече Рибеиро. Според неа, употребата на шпионски софтвер го загрозува и принципот на заштита на изворите на новинарите.