Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска го избриша Ливерпул од листата на светско наследство поради преголемиот развој кој влијае на автентичноста на ова англиско пристаниште. Тринаесет делегати на Комитетот за светско наследство гласаа Ливерпул да се тргне од листата, додека петмина беа против.
Ливерпул е трета локација која ја снајде ваква судбина.
Прво од листата на УНЕСКО беше тргнато живеалиштето на антилопите арабиски орикс во Оман во 2007 година, поради одлуката на власти на 90 отсто од заштитената територија да дозволи истражување за нафта.
Втора избришана локација од листата е долината на Елба во Германија во 2009 година, откако преку реката беше изграден модерен мост од четири сообраќајни ленти.
За Ливерпул, како причина, се наведуваат плановите за обнова на пристаништето, чии многу високи згради и нов фудбалски стадион не повратно ќе го загрозат градското наследство.
Ливерпул беше наведен во Листата на светско наследство на УНЕСКО во 2004 година, кога по децении пропаѓање беше обновен брегот и пристаништето.