Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Циханускаја, за време на нејзината посета на Вашингтон, побарала поголема поддршка за продемократското движење против режимот на Александар Лукашенко. Таа исто така побарала од Соединетите Држави да ja гарантираат независностa на нејзината земја.
Циханускаја разговарала со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, со државниот секретар Ентони Блинкен и државниот потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд.
"Ги замолив Соединетите Држави да бидат гарант за нашата независност доколку таа биде загрозена. Нашата независност е најголема вредност за Белорусите", напиша Циханускаја на Твитер по средбата со Саливан.
- Циханускаја на средби во Белата Куќа
- Циханускаја: Лукшенко ја претвори Белорусија во Северна Кореја на Европа
- Циханускаја: На новинарите им праќаат порака „или со режимот или затвор“
Белорусија е во немири по спорните претседателски избори во август 2020 година, на кои Лукашенко го обезбеди шестиот последователен мандат. Лукашенко, поддржан од Русија, се обидува да ги задуши уличните протести против изборните резултати со употреба на сила, затворање илјадници луѓе и принудување на повеќето опозициски лидери кои не се во затвор да ја напуштат земјата.
„Побарав зголемена помош за граѓанското општество и поддршка на барањата на Белорусија за нови слободни и фер претседателски избори“, наведува Циханускаја.