САД и Германија постигнале договор за гасоводот „Северен тек 2“

Патоказ го насочува сообраќајот кон влезот на објектот за Северен тек 2 во Лубмин, 10 септември 2020 година

Вашингтон и Берлин постигнаа принципиелен договор за контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, според кој Соединетите држави ќе дозволат завршување на тој проект без да воведат нови санкции за Германија и Русија. Според помошните членови на Конгресот на САД, запознаени со нацрт-договорот, САД и Германија за возврат ќе направат одредени отстапки за Украина и Полска, кои силно се спротивставуваат на гасоводот, но во моментов не е јасно дали Киев и Варшава ќе се согласат со тоа.

Германија и САД преговараат за „Северен поток 2“

Според договорот меѓу САД и Германија, Украина би добила заем од 50 милиони долари за технологии засновани врз зелена енергија, гаранција за враќање на парите за надоместоците за транзит на гас, кои ќе ги изгуби поради новиот гасовод до 2024 година и ветување од Берлин и Вашингтон за нови санкции врз Русија ако го користи гасот како политичко оружје, изјавија соработници на членовите на Конгресот. Што се однесува до концесиите за Полска, Германија ќе се согласи да биде дел од таканаречената „Иницијатива три мориња“, која има за цел да ги зајакне инвестициите, развојот на инфраструктурата и енергетската безбедност меѓу земјите на Балтичкото, Црното и Јадранското море.

Блинкен: администрацијата на Бајден е против „Северен тек 2“


Стејт департментот вчера објави дека висок американски дипломат оваа недела ќе ги посети Полска и Украина, делумно на разговори за гасоводот „Северен тек 2“. Соединетите држави веќе долго време се спротивставуваат на проектот, преку кој рускиот природен гас ќе стигне до Германија и се обидоа да го спречат неговото реализирање. Вашингтон тврди дека гасоводот ќе ја загрози енергетската безбедност на Европа, бидејќи тоа ќе ја зголеми зависноста на континентот од руски гас и ќе ѝ овозможи на Москва да го зголеми политичкиот притисок врз Полска и Украина. Сепак, изградбата на гасоводот сега е при крај, а САД се решени да ги зајакнат и обноват врските со Германија, нарушени за време на претходникот на Бајден, Доналд Трамп.