Џеф Безос се врати од вселената

Лансирањето на капсулата во која се милијардерот Џеф Безос и тројца членови на екипажот, 20.07.2021

Основачот на Амазон, американскиот бизнисмен Џеф Безос денеска одлета во вселената што беше и прв лет со човечки екипаж во леталото. Со него беа тројца- неговиот брат, 18 годишник од Холандија и 82 годишна жена од Тексас, пионерка во авијатиката.

“Најдобар ден досега“, рече Безос кога капсулата се врати назад на земјата по летот кој траеше нешто повеќе од десет минути.

Летот се случи и на 52 годишнината од слетувањето на Нил Армостронг и Баз Олдрин со Аполо 11 на Месечината. Инаку со ова Безос стана втор милијардер кој овој месец направи ваков подвиг. Пред девет дена британскиот милијардер Ричард Брансон со вселенското летало Јунити на својата компанија Вирџин Галактик беше во вселената.

Леталото на Безос Блу ориџин беше лансирано околу 15 часот по средноевропско време од пустина во западен Тексас и откако патниците успеаа да доживеат четири минути безтежинска состојба, нивната капсула со падобран повторно се спушни назад во Тексас.