Повеќе од половина се исполнети хотелските капацитети на Охридското Езеро. Максимална исполнетост од 80 – 90 проценти хотелиерите очекуваат околу Илинден, велат од Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ. Претседателот на оваа Асоцијација, Крсте Блажески, очекува во текот на идниот месец, исполнетоста да биде и над 70 отсто, но тоа, вели, нема да ги извади од кризата во која се наоѓа секторот.
„Ако погледнеме статистика за првите шест месеци од годината кога немаме ништо, овој месец нема да не извади, туку малку ќе ублажи“, смета Блажески.
Дополнителен удар, според него, е барањето на некои земји членки од Европската унија, по претстој во одредени држави, задолжителен карантин.
Првиот човек на хотелиерите не очекува значајни ефекти ниту од ваучерите за домашен туризам, кои ги дава Владата. Тој вели дека ниту попустите од 10 и 20 отсто за сместување за српските туристи не дале ефекти.
За развој на туризмот, смета Блажевски потребна е стратегија, која треба сега да почне да се изработува за идната година.