Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос денеска во 15 часот според средноевропско време од космодромот „Лонч сајт уан“ во западен Тексас ќе полета во Вселената во првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. На најбогатата личност на светот ќе му се придружат неговиот брат Марк Безос, 82-годишната пионерка жена-авијатичар Воли Фанк и 18-годишниот Оливер Даeмен. Тие ќе патуваат 11 минути до работ на вселената во ракета и капсула која е целосно автоматизирана. Патниците ќе доживеат три до четири минути бестежинска состојба во суборбиталниот простор пред нивната капсула со големи падобрани да се спушти во пустината во Тексас, близу до местото на лансирањето.
Млада гостиварчанка во мисија да ги открие тајните на вселената
Само две недели претходно, во Вселената беше и милијардерот и основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон. Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во кои ќе работат и живеат милиони луѓе.