Фон дер Лајен: Неприфатливо е шпионирање новинари

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Прага изјави дека е апсолутно неприфатливо властите или тајните служби да го користат израелскиот софтвер „пегаз“ за да шпионираат новинари или активисти на невладини организации.

„Проверуваме дали се случило тоа, а ако е така, тоа е апсолутно неприфатливо и е спротивно на сите правила. Во Европската унија имаме слобода на медиумите и слобода на говор, и тоа е еден од столбовите на Унијата, изјави фон дер Лајан на прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Претседателката на ЕК реагираше на објавите во медиумите во врска со наводниот скандал во кој учествувале некои влади и разузнавачки служби, меѓу нив и од ЕУ, поточно Унгарија, кои го употребувале софтверот за шпионирање „Пегаз“, за хакирање и прислушување на мобилни телефони на новинари и активисти на невладини организации.

„Пегаз“, кој е првенствено создаден за борбата против терористите, е во состојба да ја следи не само целата комуникација на мобилниот телефон, туку и да го пренесува она што го покажува камерата на телефонот, се наведува во заедничкото истражување на германските медиуми и организациите Форбиден Сторис и Амнести Интернешнл.

Откако проучиле 50.000 телефонски броеви во тоа истражување, откриено е дека „Пегаз“ е инсталиран во телефоните на повеќе од 180 новинари и стотици активисти, како и државници и дипломати.