Белоруската опозициска лидерка Свјатлана Цихануаскаја денеска ќе се сретне со високи владини претставници во Вашингтон. Таа вчера пристигна во неколку дневна посета на САД во потрага по поддршка за нејзиното продемократско движење. Цихануаскаја изјави дека денеска ќе се состане со американскиот државен секретар Антони Блинкен и заменик државниот секретар за политички прашања Викторија Нуланд.
Тема на разговорот, како што вели таа, ќе биде ефективната поддршка за репресираните Белоруси и граѓанското општество како и можност за новите санкции против режимот во Белорусија.
Таа најави дека ќе се сретне и со членови на Конгресот од обете партии и ќе присуствува на отворањето на првата група „Пријатели на Белорусија“ во Конгресот. На дневен ред се и разговорите со шефицата на УСАИД Саманта Пауер, како дел од ветувањето на Вашингтон за поддршка за белоруската опозиција и граѓанското општество.
Посетата на Цихануаскаја на САД доаѓа во период кога белоруските власти го во последните неколку недели ја зголеми репресијата врз медиумите и организациите за човекови права, предизвикувајќи уште поголеми критики од западните земји кои спроведоа неколку рунди санкции кон режимот на авторитарниот владетел Александар Лукашенко.
- РСЕ го осудува приведувањето на уште еден свој дописник во Минск
- Циханускаја: На новинарите им праќаат порака „или со режимот или затвор“
- Циханускаја: Лукшенко ја претвори Белорусија во Северна Кореја на Европа
Белорусија е заглавена во превирања по спорните претседателски избори во август 2020 година, со кои Лукашенка го доби шестиот последователен мандат на власт. Опозицијата и западните земји тврдат дека на тие избори победничка е лидерката на опозицијата Свјетлана Циханускаја, и го обвинуваа Лукашенко за фалсификување на изборниот резултат.
Во видео интервју за „Гласот на Америка“ во Вашингтон Цихануаскаја ги повика Соединетите држави „да ја задржат Белорусија на дневен ред“ и да го зголемат „политичкиот, економски притисок“ врз Минск.