Во изминатото деноноќие се регистрирани 9 нови случаи на заболени од ковид-19 од направени 1.973 тестирања. Вкупниот број на активни случаи изнесува 221. Дополнително регистрирани се 53 оздравени пациенти,и нема починати пациенти, велат од Министерството за здравство.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, по четворица од новозаболените се од Скопје и Тетово и еден во Кичево.
- Комисијата за заразни болести смета дека засега нема потреба од нови мерки
- Целосно имунизирани се 272 129 македонски граѓани
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.