Украина доби 2 милиони дози вакцини против ковид-19, донација од САД преку меѓународниот механизам Ковакс. Украинскиот министер за здравство Виктор Лјашко најави дека во наредните неколку дена новите вакцини од американската фирма Модерна ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови. Приоритет за вакцинирање ќе имаат вработените во образование и медицинските работници.
„Донацијата за Украина од САД на два милиони дози вакцини против ковид-19 од модерна ја покажува поддршката и посветеноста на САД во борбата против глобалната пандемија со ковид-19“ напиша на социјалната мрежа Твитер американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Вакцината од американската компанија Модерна се аплицира во две дози на растојание од најмалку 4 недели.
- САД и донираа 500 илјади вакцини „Џонсон и Џонсон“ на Молдавија
- СЗО: Повторно растат бројките на заболени и починати од Ковид 19
- Русија нема да одобри странски вакцини против коронавирусот
Откако во Украина стартуваше масовната вакцинација кон крајот на февруари до сега се аплицирани 4 милиони вакцини. Тоа значи дека само 1,4 милиони луѓе или 3 проценти од вкупното население е целосно имунизирано, односно примиле две дози на вакцини против ковид-19.