Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво ќе продолжи во понеделник во Брисел, со посредство на Европската унија. Како дел од продолжувањето на дијалогот, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти ќе се сретнат во Брисел со учество на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак. Кабинетот на Вучиќ соопшти дека српскиот претседател ќе има посебна средба со Борел и Лајчак за време на неговата посета на Брисел.
Столтенберг: Најважно за Косово е да најде политичко решение со Србија
Портпаролот на Борел, Питер Стано, претходно изјави дека има напредок во последниот технички дијалог, како и на претходните состаноци и истакна дека целта на дијалогот е „взаемно прифатлив консензус и компромис со цел да се постигне правно обврзувачки договор за нормализирање на односите. Вучиќ претходно најави дека посетата на Брисел ќе биде можност да побара заштита за Драгица Гачиќ, единствениот српски повратник во Ѓаковица, која била изложена на разни форми на притисок и закани.
Не дозволуваме Срби: повторно отворени раните од војната во Косово
Во пресрет на продолжувањето на дијалогот, премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека Косово може да продолжи да функционира дури и без признавање на Србија и дека Владата што ја предводи одбива да го добие тоа признание со „плаќање“ со територии.