Хрватскиот град Осиек погоден од невреме, вклучен црвен аларм

Илустрација, архивска фотографија

Силно невреме со обилен дожд и грмежи денеска го погоди подрачјето на Осиек во Хрватска. Силниот дожд предизвикал поплави по улиците низ градот, додека силниот ветар откорнал покрив на зграда што предизвикало и прекин на напојување на трамваите со електрична енергија.

Управата за цивилна заштита соопшти дека за 90 минути одговорила на повеќе од 300 повици од граѓани.

Метеоролозите предупредуваат дека утре е можно регионот околу Осиек да повторно да биде погоден од невреме, при што локалните власти издале црвен аларм.