Бројот на загинати од поплавите во Западна Европа порасна на најмалку 150 починати лица. Спасувачките екипи се обидуваат да ги расчистат штетите предизвикани од повлекувањето на надојдената вода. Германската полиција соопшти дека над 90 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.
Во областа Северна Рајна- Вестфалија се евидентирани 43 загинати. Националниот центар за кризи во Белгија соопшти дека бројот на загинати во погодените области од поплавите денеска изнесува 24.
Најмалку 120 луѓе загинаа досега од поплавите во Западна Европа
„Многу луѓе изгубија се она што го граделе цел живот, својот имот, својот дом, покривот над главата. Потребни се недели за да може да се расчисти големата штета“ изјави денеска германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер по средбата со спасувачите во Ерфштад.
Во овој град кој се наоѓа југозападно од Келн спасувачки екипи се обидуваат да извлечат жртви под урнати куќи во близина на големото слечишта. Војската со оклопни возила го расчистуваше патот од поплавени автомобили и камиони кои останаа делумно потопени.
Околу 700 луѓе беа евакуирани од германскиот град Васенберг кој се наоѓа во близина на границата со Холандија, по пробивање на насипот на реката Рур.
Од Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел најавија дека во среда федералните влади ќе разгледуваат планови за реконструкција.
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и белгискиот премиер Александар Де Кру биле би посета на оштетени градови во Белгија. Од поплавите беа погодени и градови во јужниот дел на Холандија.