Претставници на авганистанската влада и на талибанската милитантна организација денеска имаа средба во катарскиот град Доха. Авганистанската делегација на разговорите ја претставува претседателота на Високиот совет за национално помирување Абдула Абдулах додека претставник на талибанскиот тим е лидерот Мула Абдул Гани Барадар.
Во говорот на отворањето на настанот, Барадар изјави дека не очекува напредок, и истакна дека на Авганистан му треба „силен, централизиран и независен исламски систем“.
- Обновени мировните преговори на талибанците и авганистанската влада
- Талибанците ги повикаа САД да го почитуваат договореното во Катар
- Гани сака позитивен мир со Талибанците
Мировните преговори се водат во период кога и натаму продолжуваат нападите од талибанските милитанти, а истовреме тече повлекувањето на меѓународните војници од Авганистан. Талибанските милитанти во изминатиов перид извршија неколку нападит и освоија речиси една четвртина од покраините во Авганистан.