Австралијските власти денеска донесоа нови рестриктивни мерки поради растот на бројот на заразени со ковид-19 и покрај неколку неделниот карантин. Дел од новите мерки се затворање на деловните објекти. Според новата одлука ќе бидат затворени сите деловни објекти кои не се од суштинско значење, односно ќе може да работат само продавници и аптеки. Во Сиднеј ќе бидат затворении градилиштата.
„Не е доволно да стоиме во место како што сега правиме. Имаме од извесна мера стабилна ситуација, но не успеваме да го смениме трендот “ вели премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Берејиклиан.
Жителите на градскиот кварт каде што има најголем број на активни случаи со заразени со ковид-19 им е забрането да излегуваат од дома, освен за вработените во здравствените инстуции.
- Рекорден број заразени во австралискиот Нов Јужен Велс
- Поради делта сојот, Сиднеј „под клуч“ уште седум дена
- Австралија воведе блокада во уште еден град поради ширењето на делта сојот
Карантинот во Сиднеј е воведен на 26 јуни и два пати до сега е продолжуван. Според досегашните мерки карантинот во сила ќе биде до 30 јули. Со него се опфатени околу 6 милиони луѓе. Вакцинирањето на населението во Австралија се одвива бавно, и според последните податоци до сега се вакцинирани помалку од 10 од населението.