Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и специјалната единица „Тигар“ синоќа пред полноќ привеле две лица во скопското Дебар Маало, при што кај нив пронашле и одзеле две кеси со кокаин спремни за продажба.
Полицијата сооопшти при полициска акција на улица „Боемска“ биле приведени и 4 други лица. Еден од приведените возел „Ауди “ пијан и при проверката полицијата му пронашла дрога. Другите приведени на возраст од 20 до 24 години во автомобилот „БМВ“ криеле дрвена палка и нож.
Припадничка на Тигрите се жали на полова дискриминација во МВР
„Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,“ се појаснува во соопштението од МВР.