Денеска почнува судењето за случајот „Плацеви на Водно“

Архивска снимка - Сашо Мијалков (лево) со неговиот адвокат на изрекувањето на пресудата во предметот „Таргет - Тврдина“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес за предметот познат во јавноста како „Плацови на Водно“. Обвинети во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

На Груевски ќе му се суди за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Бизнисменот Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ, се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари. Предметот произлезе од случајот „Империја“ кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а сега го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупцијата.

Видете и ова: По Мијалков и Камчев во Шутка

Груевски е во бегство во Будимпешта, а Мијалков и Камчев треба да бидат спроведени од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се во притво - Мијалков за случајот „Трезор“, а Камчев за „Плацеви на Водно“. Против останатите обвинети во случајот се преземени полесни мерки на претпазливост.