Донесен закон за изградба на автопати без тендер

Собрание на Република Северна Македонија.

Собранието денеска по скратена постапка донесе закон за реализација на проекти за градење на автопати, без да биде распишан тендер.

Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, беше предложен од група пратеници, а со него треба треба да се овозможи реализација на Меморандум потпишан од Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

Законот предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

За време на расправата пратениците на опозицијата побараа законот да биде повлечен. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловск рече дека законот може да предизвика проблеми при реализација на проектите.

„Ова е закон кој ќе чини стотици и стотици милиони евра, ќе има многу проблеми, како во администрацијата при решавање на тековните работи“, рече Мисајловски.

Пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, како еден од предлачите на овој закон, рече дека сите пратеници заедно треба да ги поддржат овие проекти и да гласаат за предлог законот.