Вкупно 1.623 деца од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање и тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне во понеделник на 19 јули, соопшти Министерството за здравство.
Инаку досега вакцинирани со две дози се 259.894 граѓани, а вкупно се аплицирани 700.193 дози.
Деновиве Министерството за здравство започна теренска вакцинација низ целата земја, а граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин.
Во однос на вакцинирањето на децара, од Министерството за здравство наведуваат дека тоа ќе биде спроведено во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.
Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 367, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5.
Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени.